Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Сместувањето и исхраната во студентските домови по СТАРА ЦЕНА

18 септември 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Најавеното покачување на цената за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Скопје нема да се реализира, откако денеска Државниот студентски дом „Скопје“ на седницата на УО донесе одлука да нема промена во цената, односно дека таа ќе биде вратена на стариот износ и ќе изнесува 3.645 денари.

– Државниот студентски дом „Скопје“ на седницата на Управен одбор одржана утринава, а по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945 денари се враќа на 3.645 денари, исто како претходните години – се наведува во соопштението.

Оттаму наведуваат дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана биле земени предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“, кои, како што велат, се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.

– По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е тие да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови – истакнуваат од ДСД „Скопје“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ