Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Вучиќ од ОН: Со изборната кампања на Курти во Македонија, ја поткопува регионалната стабилност

22 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на СБ на ОН за шестомесечниот извештај на УНМИК за работата на Косово, кажа дека „Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност бидејќи тој лично ја води кампањата за изборите на неговата партија во соседна Македонија“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Албин Курти, туку претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој притоа нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена, рече Вучиќ. 

Тој порача дека Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија.

-Сакам да им пренесам на луѓето во Македонија дека мешањето во нивните внатрешни работи не е политика на Србија, туку на нашиот неодговорен државјанин Албин Курти, рече Вучиќ.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ