Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Кристијано Роналдо ќе оди на „ладење“ два меча

16 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо ќе биде суспендиран на два натпревари поради црвениот картон што го доби во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал-Хилал (1:2). Одлуката се уште не е официјално објавена, но се очекува таа да се случи денеска.

Роналдо беше исклучен во 86. минута откако со лакт удри противнички играч. Португалецот се налути и ја фрлил капитенската лента, пред заканувачки да замавне кон судијата.

39-годишниот напаѓач беше повикан од Дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Саудиска Арабија да го објасни своето однесување, тврдејќи дека црвениот картон е незаслужен.

Уште по натпреварот, главниот тренер на Ал-Наср, Луис Кастро, коментираше дека Роналдо е провоциран во текот на целата сезона, а во конкретниот случај играчот на Ал-Хилал глумел дека е удрен.

Кристијано има 37 настапи во сите натпреварувања од почетокот на кампањата, постигнувајќи 36 голови и 12 асистенции.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ