Според последните резултати од парламентарните избори во Хрватска, старлетата Ава Карабатиќ освоила повеќе гласови од министерката за култура Нина Обуљен Коржинек.
Според последните податоци од гласањето, Ава, која доаѓа од Сплит, поминала подобро од некои политичари. Имено, таа доби 464 гласа, додека министерката за култура Нина Обуљен Коржинек 364 гласа.
Ава пред изборите ја претстави својата програма и нагласи дека доколку биде избрана ќе се бори за легализација на проституцијата и марихуаната.
По изборите била фатена во угостителски објект во Загреб каде ги следела изборните резултати.
– Да сме живи и здрави, изјавила Ава за тамошните медиуми.
- Не сум разочарана, во ниту еден момент не се продадов или купив. Верувам дека работите се уште можат да се променат, надежта последна умира, изјавила Карабатиќ.
- Минатата година во ова време бев дома во алкохолизирана состојба. Ова е голем успех за мене и мојот мал тим од големи луѓе, би рекол Масимо, додала таа и им честитала на сите за резултатите.
Инаку, Ава пред два дена откри дека завршила во болница, бидејќи, како што истакна, некој и подметнал видео за возрасни пред изборите. Како што изјавила, на видеото не била таа, туку девојка која личи на неа.
-Денеска колабирав од стрес и завршив во итната медицинска помош. Баш сега пред избори некој подметнал лажна интимна снимка од личност која личи на мене. Гласајте за Ава Карабатиќ, вашата нова пратеничка претставничка од Х изборната единица. Ќе се залагам за поширока борба против сајбер криминалот и за подобра заштита на приватноста на Интернет, како ваш претставник во Собранието ќе се грижам за сите жртви, без политички или лични мотиви, напиша Карабатиќ на социјалните мрежи.