Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Иранскиот претседател Раиси од утре во посета на Пакистан

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Целта на посетата, како што јавуваат агенциите, е зајакнување на односите меѓу Исламабад и Техеран.

За време на посетата, Раиси ќе се сретне со највисоките пакистански функционери, вклучително и претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Шехбаз Шариф, претседателот на Сенатот и претседателот на Националното собрание, се вели во соопштението на Министерството.

„Тие ќе разговараат и за регионалните и глобалните случувања и билатералната соработка за борба против заедничката закана од тероризам“, додаваат од пакистанското министерство.

По неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, Исламабад ги повика сите страни на Блискиот Исток да „покажат воздржаност и да се свртат кон деескалација“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ