Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека
предложил четири принципи за да се спречи украинската криза да излезе од
контрола и да се врати мирот што е можно поскоро, пренесе Ксинхуа.
„Прво, приоритет треба да биде поддршката на мирот и
стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме
ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови
за враќање на мирот и да се воздржиме од натамошно влошување. Четврто, треба да
го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од
поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување“,
рече Си.
Си се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг,
каде двајцата лидери разменија мислења за кризата во Украина.