Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Артета: Овој тим седум години не играше во Лигата на шампиони

18 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Арсенал ја завршија сезоната во Лигата на шампионите, бидејќи во четвртфиналето од ова натпреварување беа поразени од Баерн. Тренерот на „топчиите“ Микел Артета истакна дека на неговиот тим му треба малку повеќе искуство во Лигата на шампионите за да дојде до врвот.

„Овој клуб не играше во Лигата на шампионите во изминатите седум сезони. Толку многу сакавме да стигнеме до полуфиналето или финалето веќе оваа година, но видовме дека на другите често им требаат шест или седум години за да постигнат таков успех“, рече Артета и додаде:

„Бевме многу блиску – тоа е реалноста. Ќе мора да се справиме со болката вечерва и утре да станеме и да продолжиме да играме со истиот став“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ