Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Реакција на Маск за нападот во фабриката на „Тесла“ во Берлин

5 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Овие се или најглупавите еко-терористи во светот или се марионети на оние кои немаат добри еколошки цели. Запирањето на производството на електрични возила, наместо возила со фосилни горива, е крајно глупаво“, напиша Маск денеска на социјалната мрежа „Икс“, која ја поседува.

Запален електричен столб предизвика голем прекин на електричната енергија во регионот во близина на фабриката.

Производството во единствената европска фабрика на „Тесла“ во Грунхајде беше запрено, а фабриката беше евакуирана. Погодени беа и бројни домаќинства во регионот.

Членовите на левичарската група ја презедоа одговорноста за нападот преку е-пошта во која го обвинуваат американскиот производител на автомобили за „екстремни услови на експлоатација“. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ