Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ужас во Виена: Девојче е најдено мртво во стан на Авганистанец, била дрогирана и силувана

6 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Девојчето од Долна Австрија е пронајдено мртво во стан на Авганистанец, пренесува Кронен.

Според досегашните сознанија, 26-годишниот осомничен можеби ја намамил девојката во зградата со дрога. Додека девојчето на крајот наводно починало од предозирање, младиот човек кој дошол со бранот бегалци во 2015 година тврди дека имал „консензуален секс“ со неа.

Истрагата за вознемирувачката смрт сега ја презеде Националната криминалистичка полиција.

Ова шокантно откритие дојде по групното силување на девојче (12) пред неколку дена.

Имено, група од 17 членови на банда од различни националности е осомничена дека силувале девојче.

Осомничените за неколкумесечно сексуално злоставување на малолетничка (12) во Австрија, се ослободени и моментално се во бегство, освен едно момче кое се уште е во притвор.

Семејството на жртвата многу се плаши дека напаѓачите може да му се одмаздат на нивната друга ќерка.

Местата на злосторството биле паркови, скали, тоалети и гаражи, а наводно била изнајмена хотелска соба заради силување.

За потсетување, австриската полиција во петокот објави дека покренала истрага против 17 лица, главно малолетни. Станува збор за луѓе од различни националности, вклучувајќи Австријци, Турци, Македонци и Бугари, како и млад Италијанец и млад Србин.

Исто така, сличен случај се случил во 2021 година кога мигрант од Авганистан беше обвинет за групно силување и убиство на 13-годишно девојче во Виена. Да потсетиме, девојчето било дрогирано, силувано, а подоцна и задавено.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ