Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кралот Чарлс III нема да присуствува на церемонијата на Денот на Комонвелтот, ќе има замена

5 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Чарлс претходно беше принуден да се повлече од своите кралски должности откако минатиот месец му беше дијагностициран рак, па нема да може да присуствува на прославата следниот понеделник во Вестминстерската опатија и на дочекот што следи, пренесува Ројтерс.

Кралицата Камила ќе биде на чело на групата присутни членови на кралското семејство, во која ќе биде и престолонаследникот, принцот Вилијам.

Кралот Чарлс III е шеф на Комонвелтот од 56 земји кои беа создадени по пропаста на Британската империја.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ