Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Албанец земал 11.000 евра од двајца тетовци – ги измамил дека дека ќе им отвори фирма во Дубаи

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера, во 14.40 часот, во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М. М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврата му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.

„Но, ниту фирмата им била отворена ниту парите им ги вратил по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ