Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мистериозна дупка се појави на границата меѓу Украина и Русија, никој не знае како настанала

17 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Таа е пронајдена во поле со пченка во близина на рударскиот град Гуково во Ростовската област.

На социјалните мрежи кружат различни верзии за тоа што го предизвикало отворањето на џиновската дупка.

Некои тврдат дека се урнал „стар рудник за јаглен“, а други дека експлодирал „голем проектил“, пренесува The Sun.

Од градската управа посочуваат дека под кратерот немало (активни) мини, а локалните медиуми јавуваат дека дупката е веќе пополнета?!

На една од снимките се слуша како маж вели: „Добив работа на која цел свет ѝ завидува“. Еве го полето, полето и дупката. Толку е големо што е страшно да се погледне“.

На интернет кружат и непроверени фотографии од купот нечистотија со што наводно била затрупана дупката.

Покрај тоа, граѓаните изразиле загриженост. Најблиските станбени згради се оддалечени само неколку стотини метри и може да бидат зафатени од свлечиште.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ