Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Израел ги повикува на разговор амбасадорите на земјите кои во ОН гласаа за палестинската држава

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Амбасадорите на Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Малта, Словачка и Еквадор ќе бидат повикани и ќе им биде испратена силна протестна нота“, објави Министерството на платформата Икс.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „му препорачува на Генералното собрание Палестина да биде прифатена како членка на ОН“, во четвртокот доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

Приемот на една земја во ОН мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со две третини мнозинство.

За време на гласањето во Советот за безбедност на ОН, САД ставија вето на резолуцијата за полноправно членство на Палестина во ОН. Тоа предизвика незадоволство кај палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој вчера изјави дека ќе ги преиспита односите со Вашингтон./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ