Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија

26 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија, соопшти денеска министерот за рударство на западноафриканската земја, Вилмот Пеј.

Тој посочи дека точниот број на жртвите ќе биде познат кога спасувачкиот тим ќе стигне до локалитетот на несреќата во областа на реката Цес во централна Либерија.

„Ми кажаа дека седум лица настрадале, но тоа не можеме да го потврдиме додека спасувачката екипа не дојде на местото на настанот. Рудникот е напуштен пред неколку месеци“, изјави Пеј, додавајќи дека не знае која компанија управува со рудникот.

Либерија, една од најсиромашните земји во светот, е богата со руди вклучувајќи злато, дијаманти и железо. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ