Порталот на албански јазик <a href="https://www.zhurnal.mk/ekskluzive-zyrtari-i-bdi-se-rafiz-haliti-ka-blere-parcele-1-2-milione-euro-ne-zemer-te-tetoves/">Журнал.мк</a> објавува документи од кои може да се види дека поранешниот заменик и потпретседател на ДУИ, Рафис Алити неодамна купил плац во центарот на Тетово вреден 1,2 милиони евра.
Журнал.мк објавува дека информациите ги добиле од анонимен извор кој во редакцијата донел и документи (подолу).
Станува збор за имот на компанијата Автопрогрес купен од Алити за 1,2 милиони евра. Купопродажбата била завршена на 4 јануари годинава, а потоа со нотарски акт Рафис Алити земјиштето го подарил на својот син. Журнал.мк пишува дека редакцијата го знае и името на нотарот во чија канцеларија во Тетово е пренесен имотот.