Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русија не гледа шанси Швајцарија да ги води преговорите за обезбедување мир во Украина

27 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Русија не гледа шанси Швајцарија да ги води преговорите за обезбедување мир во Украина, изјави постојаниот руски претставник во Обединетите нации во женева, Генадиј Гатилов, откако официјален Берн соопшти дека планира во следните месеци да организира мировна конференција на високо ниво за Украина, пренесоа британските медиуми.

Засега не гледаме никаква можност Швајцарија да го преземе водството и да организира нешто, рече Гатилов.

Според него Швајцарија, се откажала од неутралност во својот став за конфликтот.

Швајцарија усвои санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата и замрзна околу 7,7 милијарди швајцарски франци финансиски средства на Русите, кои Гатилов ги опиша како „ограбени пари“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ