Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Скандал во Прага: Трудница отишла на редовен преглед, по грешка ѝ направиле абортус

29 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во трагичниот инцидент претходно оваа недела, мешањето на две странски жени во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, објави CNN Prima.

Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).

Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентката и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот.

„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.

Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјанки кои живеат во Чешка.

Официјалните лица не објавиле никакви информации за идентитетот на жените.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ