Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Десетици демонстранти упаднаа во претседателската палата во Мексико (ВИДЕО)

6 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тие ја скршиле вратата со бел пик-ап додека мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор говорел на прес-конференција во палатата.

Полицијата употребила солзавец за да ја растера групата и подигнале бариери внатре во палатата за да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата.

Медиумите јавуваат дека не се знае дали се уште има демонстранти внатре во палатата.

Лопез Обрадор рече дека нема да ги сузбие протестите и дека владата ќе продолжи да го истражува случајот со исчезнувањето на студентите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ