Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Два питбула до смрт изгризаа 13- месечно бебе во Италија

22 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата и нив ги повредиле. Според првите информации на полицијата, која на местото на несреќата пристигнала со возило на брза помош, сопствениците на кучињата биле познаници на мајката. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот од семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.

Паола, мајката на детето, се преселила во Камполонго по несогласувањата со нејзиниот сопруг, каде изнајмила дел од селска куќа каде живеела сама со својот син. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува Salerno Corriere.

Според соседите, кучињата досега не покажувале знаци на агресија. Градоначалникот на Еболи, Марио Конте, изјави дека администрацијата ќе ги сноси трошоците за погребот на детето. Во Италија не постои список на потенцијално опасни кучиња. Во 2006 година, Министерството за здравство донесе правилник во кој е наведен список на раси кои се сметаат за опасни, но таа одредба подоцна била укината.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ