Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ајатолахот Хамнеи им се заблагодари на вооружените сили на Иран за операцијата против Израел

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Главното прашање не е колку проектили беа лансирани и колку од нив ја погодија целта, туку она што е важно е дека Иран ја покажа својата решителност за време на таа операција“, рече Хамнеи.

Напад врз воен аеродром во близина на градот Исфахан во централен Иран беше извршен завчера, а иранските медиуми објавија дека над Исфахан биле соборени три беспилотни летала. 

Неименувани американски претставници изјавија за американските медиуми дека Израел го извршил нападот во Иран.

Иран изврши напад со беспилотно летало и балистички и крстосувачки ракети врз Израел ноќта меѓу 13 и 14 април како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ