Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Без победник на дербито, Абрахам ја спаси Рома!

28 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Наполи и Рома ремизираа 2:2 во рамките на 34. коло во Серија А.

Натпреварот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ изобилуваше со возбудувања, видовме два пенали, а на крајот нерешено во 90. минута во режија на повратникот Тами Абрахам.

Рома поведе во 59. минута кога од белата точка прецизен беше Пауло Дибала. Но, Наполи успеа да израмни по шест минути, кога Оливера со многу среќа успеа да го совлада Свилар за 1:1.

Голем пресврт видовме во 84. минута кога Осимен од пенал го совлада Свилар за 2:1. Следеше нов шок, повратникот Абрахам се најде на вистинското место, избегна офсајд и по асистенцијата на Ендика погоди за 2:2.

Со овој бод Рома е на петтото место на табелата со 59 бода, додека пак Наполи е осми има 50 бодови.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ