Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Аталанта прокоцка 2:0, а Џенова извлече бод од Фиренца

15 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По сензационалната победа над Ливерпул во првиот четвртфинален меч во Лига Европа, екипата на Аталанта се врати на домашните обврски и одигра само реми против Верона. Аталанта водеше со 2:0, на крајот мораше да се задоволи со бод.
По првите 18 минути домашните имаа предност од 2:0 со головите на Скамака и на Едерсон.
На почетокот на второто полувреме гостите го изедначија резултатот. Во период од четири минути преку Лазовиќ и Нослин дојдоа до 2:2, резултат кој остана до крајот.
А во Фиренца, домашната Фиорентина и Џенова одиграа 1:1. Во 42 минута Џенова поведе со голот на Гудмунсон од пенал, инаку негов 13-ти сезонава во Серија А. Домаќините изедначија во 54 минута преку Иконе.

 

Standings provided by Sofascore

sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ