<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Државата се
задолжи на домашниот пазар преку две емисии на државни обврзници во вкупен
износ 49,5 милиони евра.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Македонска берза
соопшти дека од денеска на официјалниот пазар се два вида на државни обврзници
издадени од Министерството за финансии со рок на враќање од 15 години.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Првата емисија на
обврзници е без девизна клаузула со вредност од 2.466.400.000 денари повеќе од
40 милиони евра). Издадени се 246.640 хартии од вредност со номинална вредност
од 10.000 денари. За нив ќе се пресметува каматна стапка од 5,6 %, а датумот на
достасување е 12 април 2039 година.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Втората емисија
на обврзници е со девизна клаузула. Издадени 57.929 хартии од вредност, а
вредноста на целата емисија е 579.290.000 денари (повеќе од 9,4 милиони евра).
И овие државни обврзници доспеваат на 12 април 2039 година, а се со каматна
стапка од 5,35%. Номинална вредност на една акција е 10.000 денари.</span>