Пендаровски ја
призна конекцијата и комуникацијата со балканскиот мешетар Асаф Еисин и се
сокри од јавноста. Го нема со денови да излезе и да даде одговори, дали тој,
дали СДС, дали Ковачевски или сите комплет го ангажирале Еисин за консултации, велат
од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат
дека овој скандал е дотолку поголем што постојат сериозни индиции дека овој
сомнителен лик е ангажиран за креирање на црната кампања на власта и за тоа
според основани сомнежи се плаќа со пари во кеш.
Овие црни пари не
се водат во ниедна евиденција и се испумпани од криминалните тендери во РЕК
Битола. Надлежните институции треба овој случај детално да го проверат, бидејќи
ангажманот на мешетарот Еисин и двете лица кои му помагаат а кои се сместени во
еден скопски хотел, не фигурира во ниеден извештај, потенцираат од партијата.
Според нив доколку
актуелните институции не го истражат овој случај, тогаш после промената на
власта се ќе биде детално проверено.
Време е за промени, а наскоро после тоа ќе
дојде и времето за одговорност, стои во соопштението.