Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Баерн почнал преговори со Рангник за нов тренер на тимот

28 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ако не успеат да се договорат со Чаби Алонсо, првите луѓе на Баерн (М) имаат план „Б“ за нов тренер на тимот. Станува збор за Ралф Рангник, кој од денеска е прва алтернатива за тренерската позиција во Минхен.

65-годишниот стратег стана главна алтернатива на Чаби Алонсо, откако пред неколку дена некои членови од раководството на клубот стапиле во контакт со него. Рангник моментално ја предводи австриската репрезентација.

Баерн очекува Алонсо да донесе одлука за неговата иднина во следните четири недели.

Се истакнува дека раководството на Минхен веќе ги исклучи  Антонио Конте и Жозе Мурињо од листата на можни наследници на Томас Тухел.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ