Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Евертон доби продолжување на рокот за отплата на заемот, новите сопственици во трка по пари

16 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На Евертон му е одобрено продолжување на рокот за отплата на заемот од 158 милиони фунти пред нивното предложено преземање од страна на нова компанија. Мнозинскиот акционер на Евертон, Фархад Мошири, постигна купопродажен договор во септември.

Сепак, според Индипендент, договорено е краткорочно продолжување на заемот, кој „777 Партнерс“ ќе треба да го платат доколку продолжи акцијата за нивно преземање на клубот.

Наводно, потенцијалните сопственици сега имаат неколку недели да дојдат до парите, а Премиер лигата ја стави отплатата на заемот како еден од нивните услови доколку сакаат да му дозволат 777 да продолжи со процедурата за купување на премиерлигашот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ