Познат е идентитетот на двајца од приведените за убиството во Железара

Кривичниот суд им определи мерка куќен притвор од 48 часа на двајца од вкупно тројцата приведени за поврзаност со убиството на матичниот доктор на паркингот пред Поликлиниката Железара.

Во соопштението од кривичниот суд се откриваат и иницијалите на двајцата кои беа приведени завчера вечерта.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки за претпазливост против две лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со Убиството на лекар во населабата Железара, донесе решнија со кои: Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор“, велат од Кривичен суд.

Полицијата вчера приведе уште едно лице, но за него засега нема никакво барање за притвор од страна на Јавен обвинител.

Истражните органи се уште ги чекаат резултатите од вештачењата на материјалните докази. 

Мотивите за убиството се уште не се докрај јасни, но техничкиот министер за внатреши Панче Тошковски веќе рече дека според првичните информации, мотивот не е поврзан со неговата професија.

Истражителите досега прегледале повеќе од 50 видео записи од безбедносни камери, а презеле 20 истражни дејствија. 

Минатиот четврток, околу 23:00 часот, матичниот доктор Ацо Трповски беше пронајден мртов со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома во предвиденото време. 

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”.

Настанот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода.

Пожарни возила го изгасиле запалениот автомобил.

Повеќе детали за инцидентот очекуваме од МВР.

Малолетничка, жена и маж каснати од кучиња скитници

На 13.05.2024 во 11:20 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.П.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 13.05.2024 во 23:00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.М.(57) од Скопје, пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 13.05.2024 во 15:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.А.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

„Види таму на тој Љубе рацете му биле цели во крв…“

Денеска (14.05.2024) во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К. (57) и нејзиниот девер В.К. (64).

Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал.

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството.

Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сведоштва на жители на Стајковци

– Беа мирни и питоми луѓе, што и како се случувало помеѓу нив, јас лично не знаев. А, ова што се случило е жалосно и трагедија голема. Немам зборови како да го опишам. Отпосле кога слушнавме што и како, касно беше за се, вели еден жител на Стајковци. 

– Моментално доаѓав од главната улица, иде продавачката и ми вика застани. Прашав што е работата. Види таму на тој Љубе рацете му биле цели во крв. Во меѓувреме дојде и тој комшијата и отидовме да видиме, што ќе видиш… Во меѓувреме повикаа и дојде полиција, ама нешто збореа дека имал и оружје. Јас појдов со полицајците натаму. Они не смеат нормално, може и од прозор ќе пука. Он не е толку моќен, ама со цевка им ги нанел повредите на жртвите, вели за Телма друг жител на Стајковци. 

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ОЈО: Сторителот си го убил братот и сопругата на другиот брат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

Популарно