Сослушани десетина лица, завршени днк анализите – напредува истрагата за убиството во Железара

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело кога пред скоро две седмици матичен доктор беше избоден до смрт во кругот на Поликлиниката Железара. 

Од Обвинителството велат дека продолжуваат со дејствија, со цел идентификација на сторителите.

-До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан, велат од ОЈО.

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело.

Скопје Инфо од извори во Министерството за внатрешни работи дознава дека днк анализите се целозавршени и нивното вкрстување треба да даде насока за можниот извршител на убиството, дополнително во изминатите денови сослушани се десетина лица кои во критичниот период имале директна или индиректна комуникација со убиениот.  а за кои Министерството за внатрешни работи се сомнева дека можеби би имале некаква поврзаност со убиството. Од страна на форензичките тимови на полицијата прегледани се и 40-тина камери од околниот простор.

Во меѓувреме, органите на прогонот, во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, остануваат посветени на откривање на вистинските сторители на кривичното дело. Извори од полицијата брифираат дека истрагата напредува и очекува таа наскоро да даде конкретни резултати. 

РКЕ донесе одлука: Горивата поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.

Од 21.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар) 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,50 (денари/литар) 

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 42,629 (денари/килограм) 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 ден/кг и сега ќе изнесува 42,629 ден/кг.

МВР со детали за аспењето на Георгиев: Судијата е лишен од слобода при извршување на кривичното дело

Министерството за внатрешни работи го потврди апсењето на судијата од Врховен суд, Наќе Георгиев.

МВР ги соопшти деталите за апсењето на Врховниот судија Георгиев. Ќе одговара за сторено кривично дело Примање награда за против законико влијание.

„Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Примање награда за против законито влијание“, информираат од полицијата.

Од таму додаваат дека судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело, стои во соопштението од Апелација.

Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Популарно