Домашен сируп од глуварче: Лековита суперхрана која воопшто нема да ве чини

Глуварчињата се во сезона. Најдете ливада оддалечена од сообраќаен хаос и загадување, наберете ги нивните цветови и стебла и подгответе домашен препарат против кашлица и бројни други болести.

Глуварчето е исклучително здраво диво растение од семејството Asteraceae, кое е богато со витамини А и Ц како и со калциум, калиум и натриум. Станува збор за многу лековито растение кое ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот систем, го намалува холестеролот, ја зајакнува крвта, а помага и при алергии.

Расте на ливади со умерена и студена клима, а може да се користи од коренот до цветовите. Од неговиот корен најчесто се подготвува чај, кој помага при дигестивни проблеми, а пиењето се препорачува и за луѓето кои боледуваат од дијабетес.

Стеблата на глуварчето се сметаат за чистачи на организмот бидејќи ја регулираат работата на метаболизмот, ја прочистуваат крвта и желудникот.

Раните пролетни листови од глуварче се користат за подготовка на салати и чорби, а се препорачуваат и во исхраната на трудниците, доилките и жените во менопауза. Цветовите на глуварчето исто така можат да се јадат, а најдобро е да се берат напладне кога се најотворени.

Од цветовите од глуварчето најчесто се подготвува сируп или „мед“, кој може да се додаде во разни десерти или да се пие сам како лек, пред сè како сируп против кашлица.

Состојки за сируп од глуварче:

- 200 грама цветови од глуварче заедно со стеблото

- 2 лимони

- 1,5 литри топла вода

- 1 кг. шеќер

Подготовка:

1. Стеблата и цветовите исечкајте ги и прелијте ги со топла вода.

2. Додадете лимон исечен на кришки или исцеден сок од лимон и сè заедно гответе на тивок оган околу половина час.

3. Процедете ја течноста, додадете шеќер и варете уште 15 минути.

4. Топлиот сируп истурете го во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли и внимателно затворете. Чувајте го на темно, ладно место.

5. Сирупот консумирајте го 2-3 пати дневно, по една супена лажица.

Дебелите луѓе одат почесто на боледување

Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија.

Според истражувањето што опфатило 122.598 работници во 26 европски земји, колку еден човек има поголем вишок килограми, толку е поголема честотата на боледувања.

Најчести наведени причини се болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.

Британските работници се трети најобезни во Европа, а бројот боледувања е двојно зголемен во Обединетото Кралство последниве 10 години.

Тоа, според проценките, значи намалување на продуктивноста во британската економија за околу 33 милијарди фунти.

Што всушност се случува кога имате настинка која трае подолго?

Симптомите на настинка може да траат долго, што често е една од главните причини зошто болните посетуваат лекар.

Како што објаснуваат лекарите, настинката е всушност инфекција на горниот респираторен тракт предизвикана од вируси, а во просек обично трае околу една недела, пренесува „Healthy“.

Симптомите по кои најлесно препознаваме дека сме настинати се течење на носот, затнат нос и отежнато дишење, кивање, болки во грлото и кашлица, главоболка и малку покачена температура.

Но, понекогаш симптомите на настинка можат да траат долго, што често е една од главните причини зошто болните посетуваат лекар.

Како што објаснуваат експертите, постојат неколку причини зошто настинката не поминува.

Една од нив е дека би можеле да имаме уште една настинка. Лекарите објаснуваат како во студената сезона можеме да настинеме и да оздравиме, но веднаш потоа повторно да се заразиме со некои од вирусите кои предизвикуваат настинки.

Така може да изгледа како да имаме долга настинка, а всушност сме имале две или повеќе од нив по ред, додаваат тие.

Исто така, таканаречената хронична постназална дренажа, која е честа последица на настинките, може да доведе до проблеми со долготрајни настинки.

Се влошува навечер кога ќе лежиме, а може да биде предизвикана од алергии, временски промени и некои други надворешни фактори.

Дополнително, ако по настинката долго време имаме отежнато дишење и не можеме да се ослободиме од неа, тоа всушност може да биде астма или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), предупредуваат лекарите. Во овој случај, лекарски преглед е задолжителен што е можно поскоро.

И последното, но не и најмалку опасно, е пневмонијата. Ако настинката трае долго, тоа потенцијално може да биде пневмонија.

Најчестите симптоми кои укажуваат на тоа се постојана кашлица придружена со кафеава или зелена слуз, треска и проблеми со дишењето.

Древен грчки рецепт кој ќе ви ја обнови секоја клетка

Доколку верувате дека здравјето влегува низ уста и се трудите да конзумирате нутритивно богати намирници тогаш оваа идеја ќе ви биде добредојдена.

Дрвениот грчки рецепт за здрав десерт се состои од само две состојки кои имаат навистина благотворно дејство врз организмот. Смесата од мед и таан ќе ви го заслади денот, а на организмот ќе му донесе низа бенефити.

Оваа моќна мешавина која се споменува уште во Хомеровата „Илијада“ со редовно конзумирање ќе ви даде енергија, подобра циркулација, регулирање на маснотиите во крвта, намалување на симптомите на умор и анкциозност, ги обновува клетките.

Се прави од 300 грама мед и 300 грама сусамов таан. Во оваа смеса може да додадете сецкани или мелени јаткасти плодови. Чувајте ја смесата во стаклен сад во фрижидер, а според нутриционистите секојдневно препорачаната доза е една до две лажици кои инстантно ќе ви дадат енергија.

Во овој едноставен еликсир се наоѓааат дури 182 различни елементи кои го креваат организмот, пред се железо, цинк, калциум, бакар, влакна, бројни витамини.

Популарно