Ова е местото каде што е усмртена Данка - еве како се откриени сторителите

Според известувачите на „Блиц“ од местото на настанот, полицијата во моментов е на Старобањска пат и го блокирала пристапот до депонијата. Осомничените за убиството на девојката од Бор, Данка Илиќ, полицијата ги донела на депонија каде наводно го фрлиле нејзиното тело.

На местото на дивата депонија во моментов се лоцирани екипи на форензичари и багер. Депонијата се наоѓа на сред пат од Бањско Поље до селото Брестовац од каде што се родителите на Ивана.

Багерот повторно копа на истото место на дивата депонија, фокусот е токму на еден дел. Пристигна камион од Јавното комунално претпријатие, а потоа и други возила од истото претпријатие.

Телото на детето уште не е пронајдено

Оваа информација ја соопшти Драган Ј.Вучиќевиќ, главен уредник на Информер.

– Полицијата се уште не го пронашла телото. Тоа беше погрешна информација што ја објавија медиумите. Сторителите го признале делото, но телото на малото девојче се уште не е пронајдено. Истрагата продолжува – изјави Вучиќевиќ на ТВ Информер.

Како што е објаснето, и двајцата биле однесени во различно време на депонијата кај Бањско поле и двајцата покажале на истото место. Да потсетиме, Вучевиќ објасни и како се откриени убијците.

-Траги од крв се откриени само со форензичка анализа. Утврдено е дека крвта и припаѓа на малата Данка. Полицијата уште од почетокот имаше индиции дека се случило вакво нешто. Овие убијци повеќе пати се враќале на таа депонија и дополнително го закопувале телото на девојчето. Страшно злосторство, со предумисла. Доказите во оваа истрага полицијата ги добила преку форензичка анализа на траги од крв. Веднаш штом откриле дека крвта најверојатно е на Данка, работниците биле уапсени и паднале на полиграф. Еден од нив потпишал признание, другиот сè уште не сака. Најстрого ќе бидат казнети – рече Вучиќевиќ.

Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот

Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. 

- Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес. 

Заканите биле упатени во угостителски објект. 

Детали за тешката сообраќајка на „Водњанска“ - повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила „голф“ и „мерцедес“, двете со скопски регистарски ознаки, велат за Курир од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Голема трагедија: Почина бебе во охридската болница

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе.Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови  било донесено во Итната медицинска помош во бесознание но веднаш потоа било препратено во оделението за анестезиологија во општата болница во Охрид за докторите да пробаат негова реанимација но и покрај нивните обиди не успеале бебето да го вратат во живот.Настанот го потврди оортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата работи на расветлување на случајот ,извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Докторите не откриваат кои се причините за смртта на новороденчето се чека да заврши обдукцијата .

Популарно