Две неработни среди во април - еве кога ќе одмараме овој месец!

Месец април има два неработни дена за сите граѓани во земјава. 

Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани. 

Освен овој ден, неработен за сите граѓани ќе биде и денот од првиот круг од претседателските избори кој е закажан за 24. април, односно среда.

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

-1ви Мај (Среда), Ден на трудот

-6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

РКЕ донесе одлука: Горивата поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.

Од 21.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар) 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,50 (денари/литар) 

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 42,629 (денари/килограм) 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 ден/кг и сега ќе изнесува 42,629 ден/кг.

МВР со детали за аспењето на Георгиев: Судијата е лишен од слобода при извршување на кривичното дело

Министерството за внатрешни работи го потврди апсењето на судијата од Врховен суд, Наќе Георгиев.

МВР ги соопшти деталите за апсењето на Врховниот судија Георгиев. Ќе одговара за сторено кривично дело Примање награда за против законико влијание.

„Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Примање награда за против законито влијание“, информираат од полицијата.

Од таму додаваат дека судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело, стои во соопштението од Апелација.

Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Популарно