Атина: Тинејџер со нож и чекан ги повредил директорот и еден ученик

19-годишно момче со чекан и нож, утрово упаднало во средно училиште во Атина и со нож ги повредил директорот и еден ученик, кои се пренесени во болница, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, сторителот, со потекло од Грузија го нападнал ученикот со потекло од Нигерија, бидејќи бил во конфликт со неговиот брат, додека пак директорот настрадал во обид да го спречи, сега веќе уапсениот, 19-годишен.

Премиерот Фицо е во свесна состојба

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Ужас: Новородено бебе пронајдено во контејнер

Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.

Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.

„Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди“, велат од болницата.

Според првите информации, на местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација.

Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.

Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност

Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) в четврток, 16 мај, ја прекинува работата во сите училишта поради загрозена безбедност при работа.

Независниот синдикат на просветните работници на Србија ги повика вработените во образованието, како и сите други граѓани кои сакаат училиштата да бидат место за мирна работа и престој на учениците и наставниците, да дојдат на протестен митинг пред Собранието на Србија в четврток, 16 мај во 12 часот и да ги поддржат барањата.

-Насилството врз вработените во образовните институции не стивнува. . .

Се бараа измени на Кривичниот законик со кои ќе се дефинира остра санкција за секој облик на насилство во училиште и во врска со работата во училиште, укинување на анонимните пријави до просветен инспекторат и воведување можност за суспендирање на ученик – насилник по брза и едноставна процедура, велат од Синдикатот.

Оттаму додаваат дека и покрај големиот број инциденти и трагичните настани во училиштата кои следеа, „Владата упорно ги игнорира овие барања“.

-Ја покануваме и Славица Ѓукиќ Дејановиќ да дојде на овој состанок и да се соочи со вистината за ресорот за кој е одговорна, наместо да ги посетува училиштата каде директорите се членови на Социјалистичката партија на Србија како дел од изборната кампања.

Или треба веднаш поднесете оставка, заклучуваат од Синдикатот.

Популарно