1194 пати повикала Итна помош за една година

56-годишна жена од Хароу, северен Лондон, 999 пати го повикала бројот за итни случаи од 17 различни мобилни броеви, во текот на 2021 и 2023 година, пишува Скај њуз.

Соња Никсон само во 2023 година повикала 1.194 пати на итниот број и така станала една од трите лица кои таа година најчесто се јавувале во полиција.

Никсон била уапсена во јануари за 668 прекршувања на Законот за комуникации и е обвинета за 670 кривични дела.

Полицијата проценила дека нејзиното упорно прекршување ја чинело службата околу 4.500 фунти во период од пет месеци. Соња на крајот доби затворска казна од 22 недели.

МВР со детали за аспењето на Георгиев: Судијата е лишен од слобода при извршување на кривичното дело

Министерството за внатрешни работи го потврди апсењето на судијата од Врховен суд, Наќе Георгиев.

МВР ги соопшти деталите за апсењето на Врховниот судија Георгиев. Ќе одговара за сторено кривично дело Примање награда за против законико влијание.

„Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Примање награда за против законито влијание“, информираат од полицијата.

Од таму додаваат дека судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело, стои во соопштението од Апелација.

Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија  согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Популарно