Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

Што ви носи почетокот на новата работна седмица?

Овен

Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност која ја познавате подолго време. Слободно бидете искрени и директни, не треба да се плашите од недоразбирања или раскинувања. Згора на тоа, штом ќе се ослободите од се што е нејасно, ќе ви биде јасно дека иднината е сепак добра.

Бик

Денес лесно ќе можете да ги убедите другите дека ги гледаат или прават работите онака како што вие мислите дека е најпаметно. Ако имате шанса да направите нешто посебно со некој што го сакате, не одложувајте. Ако не сте сигурни како да ги завршите преговорите фокусирани на деловната иднина, размислете за патување кое ќе го комбинира удобното со корисното.

Близнаци

Денес речиси сè ќе зависи од тоа како се однесувате кон другите луѓе. Доколку покажете дека сте лојални и не реагирате премногу бурно, се ќе биде во ред. Ако дозволите вашите емоции да ве совладаат или да покажете љубомора или сомнеж, нема да можете да го имате она што го сакате. Измерете ги внимателно вашите зборови во секое време.

Рак

Вложувајте малку повеќе време и труд во односите со колегите, соработниците и клиентите, бидејќи така најбрзо ќе ги постигнете посакуваните цели. Денес генерално ќе добиете нешто и на крајот од денот бидете горди на себе, барем кога е работата во прашање. Меѓутоа, кога станува збор за приватниот живот, ќе треба да покажете дека сте спремни да направите отстапки и да се приспособите.

Лав

Денес ќе бидете доста субјективни, па склони сте да погрешно проценувате ситуации и луѓе. За да држите се под контрола, ќе треба да се потпрете на советите на луѓето на кои им верувате. Во попладневните часови можни се проблеми поврзани со семејството. Колку и да сте загрижени, понекогаш навистина е потребна промена за да можете да го добиете она што го сакате.

Девица

Излезете и забавувајте се. Денес ќе оставите одличен впечаток на личност која може да ви помогне во иднина. Дел од вас случајно ќе запознае личност од далечното минато, а тоа ќе доведе до интересен разговор и идеја вредна за оживување. Не оставајте ги вашите работи недовршени. Потрудете се, особено ако веќе сте ветиле нешто.

Вага

Ќе бидете многу продуктивни и ментално силни. Слободно извршувајте повеќе работи одеднаш, без страв дека ќе направите грешка или ќе се изморите премногу. Денот е поволен за сите оние разговори со кои планирате да им дадете до знаење на другите дека сте се одлучиле за поголеми промени. Ако сметате дека има нова можност, потрудете се и истражете ги информациите.

Шкорпија

Оние од вас кои неодамна ја промениле работната средина и сте во нов тим, треба да обрнат повеќе внимание на неформалните односи со колегите. Тие подоцна ќе ви бидат најголемата поддршка. Денот е одличен за дефинирање на планови поврзани со семејството, пријателите и пошироката заедница. Патувањето ќе ви донесе задоволство.

Стрелец

Без разлика дали се работи за приватен или деловен живот, денес ќе привлечете интересни потенцијални партнери. Пред да изберете нешто или некого, прво проверете каква била ситуацијата во минатото. Нема сите да ви кажат сè, затоа обидете се сами да откриете што ве интересира или што прави да се чувствувате несигурни. Потпрете се на минатите искуства.

Јарец

Ќе имате одлични идеи и ќе бидете расположени поголемиот дел од денот, што ќе им се допадне на луѓето околу вас. Тоа ќе ви се исплати за вашето службено патување, затоа не избегнувајте состаноци лице в лице. Со вашиот хумор ќе можете да ги промените исходите од различни ситуации, но само ако добро го оцените вашиот соговорник. Ќе бидете изненадени од нечија промена на ставот.

Водолија

Внимавајте како се однесувате со другите луѓе, особено во ситуации кога некој ги изразува своите желби за иднината или ви кажува за љубовни проблеми. Ако премногу се опуштите, може да навредите некого и да останете погрешно разбрани. Држете се до она што го знаете и не убедувајте ги другите за работи што не се реални.

Риби

Нема да погрешите ако денес ја пуштите вашата фантазија. Ќе бидете умерени и ќе ги фасцинирате другите луѓе со вашата визија за иднината. Некој ќе ви понуди пари или навидум добра деловна можност. Ќе почувствувате конкретни подобрувања во приватниот живот.

Ева Лонгорија во фустан кој ги истакнува атрибутите, оваа креација ќе сакате да ја видите од секој агол

Ева Лонгорија пристигна на Канскиот филмски фестивал, а се чини дека сите модни ентузијасти премолчено се согласија дека имаме победник.

Лонгорија присуствуваше на премиерата на Kinds Of Kindness, со Ема Стоун и Џо Алвин, во блескав фустан со отворен грб на Elie Saab и со длабоко деколте.

Масивниот дијамантски ѓердан со розови скапоцени камења, соодветни обетки и прстени го комплетираа раскошниот изглед, кој вклучуваше чевли од Сантони, а нејзината коса беше стилизирана во долги, лабави бранови.

Фустанот е вистинско славје на женската силуета од извонредната изработка која ги истакнува облините, до отворениот грб.

Ова е фустан што сакате да го видите од секој агол.

Беше многу емотивно, но издржавме да не пуштиме солзи- вели Драган Стојаноски, син на легендарниот пејач Војо во чија чест се одржа концерт

Беше многу емотивно, но ете, издржавме до последно, да не пуштиме солзи, вели Драган Стојаноски, син на Војо Стојаноски, во чија чест, во петокот, во Кичево се одржа концерт по повод десет години од смртта на легендарниот пејач на народна музика.

Стојановски почина на 65 годишна возраст и зад себе остави голем број на песни и концерти одржани во Македонија и странство. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.

Концертот беше исполнет со многу емоции, имаше многу тага, болка…Но, наша цел беше да ја продолжиме неговата работа. Ние израснавме со неговиот аманат, да ја сакаме и да ја негуваме македонската народна песна, да го почитуваме народниот мелос, вели синот Драган.

Концертот, во сеќавање и спомен на Војо Стојаноски, како што кажа Драган, бил организиран во соработка со Културно уметничкото друштво „Нико Пусоски“ од Кичево. На концертот настапиле: Дамјан Стојаноски, најмладиот син од четирите деца на Војо, кој исто како татка си е пејач, Влатко Миладиноски, Дарко Стојаноски, Спасен Сиљаноски, Влатко Лозаноски – Лозано, Мирослав Мирчески, Мики Данилоски, Бранислав Стојаноски, Орце Богданоски, Марко Трпчевски, Драган Вељаноски и Кристијан Трајаноски со оркестарот на Златко Миладиноски.

На сите учесници им беше чест што настапуваат на концертот. Сите прифатија без збор. Дел од нив се млади, но растеле со музиката на Војо, додава Драган.

На концертот и внукот на Војо, Марко, син на Драган Стојаноски говорел со пиетет за својот дедо.

Му кажав, Марко, може да биде многу емотивно, дали ќе издржиш, а тој ми рече, сакам да кажам некој збор за дедо, вели Драган.

Војо беше татко на четири деца, ќерката Жаклина и синовите Жарко, Драган и Дамјан. Од нив, најмалиот, Дамјан, тргна по стапките на таткото и е пејач кој ја продолжува љубовта кон музиката и кон македонската народна песна.

Популарно