Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Овие неколку знаци ги очекува разочарување

ОВЕН

Денот е поволен за нов професионален почеток, иако комуникацијата е тешка. Одложете ги планираните разговори кои ќе ви донесат разочарувања. Дозволете си да испраите барање до странски компании за идна деловна соработка.

БИК

Од утрото подгответе се за неочекувани промени, коишто без разлика дали се добри или лоши ви носат полза. Плаќањето што со нетрпение го очекувавте ќе биде одложено. Бидете благодарни за помошта што ја добивате од вашите колеги. Денот е добар за разговор со претпоставените и државни организации доколку ви е потребна нивна помош или интервенција.

БЛИЗНАЦИ

Не очекувајте ги денеска парите што се надевавте да ги добиете пред неколку дена. Ако се занимавате со трговија, гарантирате профит. Заштедете го она што сте го заработиле, бидејќи наскоро ќе ви треба. Комуникацијата на овој ден ви носи и успех. Добро ви оди на работното место, доколку не го трошите времето во бескорисни разговори.

РАК

Имате можност да им докажете на колегите дека сте незаменливи во надминувањето на тешкотиите на работното место. Лесно комуницирате и со вашите непријатели. Контролирајте ги емоциите за да се поштедите од неволјата предизвикана од вашиот остар јазик. Успехот ќе ве следи доколку сте трпеливи и тактични и не иронизирате во врска со луѓето кои ве опкружуваат.

ЛАВ

Направете успешен нов почеток на вашето работно место. Имате можност да ги завршите старите задачи чии рокови одамна сте ги пропуштиле и да ја вратите довербата од претпоставените. Не се расправајте со колегите. Зафатете се со вашите нови работни обврски и премолчувајте ако се обидат да ве налутат.

ДЕВИЦА

Одржете ги планираните состаноци и деловни разговори, без разлика дали ви се допаѓаат луѓето што ги очекувате. До пладне, подгответе се да ги разјасните проблематичните деловни односи. Успехот е со вас. Не го трошете залудно. Доброто расположение ви ја зајакнува желбата за активна и профитабилна работа. Бидете вредни на работнот место и не ги занемарувајте обврските.

ВАГА

Имате тенденција да ги драматизирате разговорите поврзани со вашите неуспеси. Подобро прифтете ги како уште една научена лекција. Тие ви дадоа искуство и се отскочна даска за нови височини. Тешкотиите на вашето работно место не се поврзани со вашите постапки. Не се лутете поради туѓите грешки и не им подавајте рака на колегите кои нема да го ценат вашиот гест. Избегнувајте критизерски забелешки.

ШКОРПИЈА

Ви претстои поволен ден, кој ви овозможува да размислите, а доколку веќе сте го направиле тоа, успешно да започнете нови активности. Ќе комуницирате со многу луѓе. Не ви советуваме да ги разјаснувате деловните односи. На вашето работно место можете да се справите со обврските само ако сте упорни и работите со трпение.

СТРЕЛЕЦ

Не патувајте. Не ризикувајте и не преоптоварувајте се со физичка работа. Можни се проблеми поради вашето одбивање да се занимавате со нерешените имотни прашања. Среќата не е со вас денеска. Запомнете дека имате тенденција да им верувате на нечесни луѓе, на коишто нетпретпазливо им дозволувате да ви се доближат.

ЈАРЕЦ

Одложете го патувањето, доколку тоа ви пречи на директните работни обврски. Не ризикувајте поради понудите на вашите познаници, кои ви ветуваат чуда без напор, а кои никако не можат да се остварат. Со агресивност и тврдоглавост не можете да се наметнете и да постигнете добри резултати на вашето работно место. Бидете трпеливи.

ВОДОЛИЈА

Денот ви е исполнет со промени. Запознајте се со вашите деловни партнери и разговарајте за вашите нови идеи, чија реализација ја предвидувате за крајот на месецот. Почнете да размислувате за нивно спроведување, но без да инвестирате големи средства. Не го наметнувајте своето мислење со агресивност. Смирениот тон ќе остави посилен впечаток.

РИБИ

Успехот ќе ве следи денеска, најмногу на работното место. Вашите задачи бараат трпение, но со задоволство ги реазлизирате бидејќи знаете каков приход ви гарантираат. Очекувајте и дополнителни приходи на вашата банкарска сметка. Сите се импресионирани од вашата трудољубивост. Очекувајте вести за покачување, кои ќе ве изненадат во вистински момент.

Дневен хороскоп

Овен

Вложувате многу труд, но на крајот не оставате позитивен впечаток кај одредени луѓе. Побарајте добар совет или нечие посредување во врска со бизнисот што го правите. Нема причина да го криете вашето емоционално незадоволство од личност која добро ги познава вашите силни или слаби страни. Ќе се чувствувате подобро во искрената доверба и блискост.

Бик

Договорот со едно лице ве обврзува на одредени услови или на строга деловна дискреција. Сепак, имате различни идеи и нема да дозволите никој да одлучува во ваше име за деловни интереси. Понекогаш сакате повеќе отколку што можете. Саканата личност се однесува пргаво додека ги слуша вашите забелешки. Бидете реални во проценката на нечии можности.

Близнаци

Бидете доволно внимателни пред личноста која ве обврзува на одредени услови во деловната соработка. Важно е да ги зачувате вашите интереси и добрите односи со околината. Чувството на емоционална блискост во вас поттикнува позитивно расположение и креативна енергија. Добро е да се ориентирате кон подобрата страна на реалноста.

Рак

Завршете ги потребните работи поврзани со вашиот специфичен дел од работата и подгответе го теренот за идните деловни потфати што ве очекуваат. Потрудете се да не го расипете инаку доста солиден ден во сферата на љубовните врски со нереални очекувања за да избегнете потенцијални разочарувања.

Лав

Постапувате мудро и промислено при средбата со вашите соработници. Нема причина да се однесувате наметливо, но оставете ги другите да зборуваат за вашиот успех или во ваша корист. Покажете искрен интерес за идеите што ги има вашата сакана личност. Избегнувајте разни емотивни провокации или нова љубоморна сцена бидејќи нема причина многу да се тресете.

Девица

Донесувате рационални одлуки, но понекогаш треба да дејствувате по инстинкт. Повнимателно гледајте ги вашите соработници и насочете ја приказната во насока која води до некој заеднички успех. Сè е можно доколку доволно инспирирате и сте истрајни во намерите пред саканата личност. Бидете доволно доследни во она што го мислите и сакате.

Вага

Нема причина да ги обвинувате другите за вашиот моментален неуспех. Можно е грешките да се во вас, а не во околината. Понекогаш е тешко да се признае личниот пораз, но тој е неизбежен. Повнимателно анализирајте го однесувањето на вашата сакана личност бидејќи може да има некои непознати околности или детали кои ве невираат.

Скорпија

Ако премногу критикувате нечие однесување, тогаш мора да ги прифатите можните негативни реакции. Се грижите за промена на нечиј однос или дополнителни услови кои ви ги наметнуваат одредени соработници. Избегнувајте провокативни ситуации или личност која не ги задоволува вашите емотивни критериуми. Потребно ви е искрено внимание и разбирање.

Стрелец

Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес за да ги поддржи вашите идеи. Новите деловни настани можат да ве претстават во позитивно светло. Покажете дека имате разбирање за саканата личност. Имагинацијата секогаш изгледа како бескрајна инспирација во вистинското друштво.

Јарец

Ветувањата што ги добивате не се гаранција за деловна добивка. Треба да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси. Обидете се да делувате доволно волшебно и инспиративно пред вашата сакана и не дозволувајте да отстапите од некои заеднички планови.

Водолија

Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или ненадејно да ве условува. Ваше е да им предложите на соработниците корисно решение кое треба да задоволува различни интереси. Често го губите трпението со саканата личност. Фокусирајте се на посветла содржина и не бидете нетрпеливи, сè ќе си дојде на свое..

Риби

Нема причина да се одложи средбата со одредени луѓе. Време е да го засилите бизнисот или да прифатите нечија понуда. Има личност со која имате заеднички деловни интереси и позитивно искуство. Главната улога во заедничките ситуации препуштете му ја на партнерот, особено кога љубовната врска ве води кон најдоброто задоволство.

Видео: Зошто сите се чудат за новиот портрет на Кејт, принцезата од Велс?

Кралот Чарлс објави нов портрет, а сега портретот на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот „Татлер“ за да „ѝ оддаде почит на нејзината храброст“, и тоа два месеца откако принцезата од Велс во видео објави дека има рак.

Портретот го насликал британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела разни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.

Сепак, обожавателите на кралското семејство не беа воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза. „Ова изгледа како дете да го нацртало“, „Кога стана Азијка?“, „Каков страшен портрет на толку убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.

Инаку, и кога Чарлс го откри својот портрет, на социјалните мрежи бргу почнаа со исмејување.

Популарно