Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал

Патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, синоќа, излетало од коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, по што на самото место починал возачот, а сопатникот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница.

-На магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, наведуваат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот

Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. 

- Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес. 

Заканите биле упатени во угостителски објект. 

Детали за тешката сообраќајка на „Водњанска“ - повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила „голф“ и „мерцедес“, двете со скопски регистарски ознаки, велат за Курир од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Голема трагедија: Почина бебе во охридската болница

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе.Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови  било донесено во Итната медицинска помош во бесознание но веднаш потоа било препратено во оделението за анестезиологија во општата болница во Охрид за докторите да пробаат негова реанимација но и покрај нивните обиди не успеале бебето да го вратат во живот.Настанот го потврди оортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата работи на расветлување на случајот ,извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Докторите не откриваат кои се причините за смртта на новороденчето се чека да заврши обдукцијата .

Популарно