ЦУК: Два пожара на отворено во последното деноноќие

Во последното деноноќие регистрирани се два пожара на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Валандово вчера од 12.45 до 15.45 часот гаснале запалена депонија во валандовското село Јосифово. Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе вчера од 13.25 до 17.35 часот гаснале запалена ниска вегетација во близина на село Преод во Општина Свети Николе.

Како што информираат утрово од Центарот за управување со кризи, двете интервенции биле извршени со екипи од по тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Во изминатото деноноќие имало една помала интервенција на запален оџак на улица „Младинска“ бр. 236 во Струмица.

Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат. ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Во последното деноноќие имало вкупно 1 853 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 46,52, а 53,48 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,44 отсто, кон итната медицинска помош 26,32, а кон пожарникарите 2,43 отсто од реалните повици кон 112.

ВМРО-ДПМНЕ објави детали од средбата со ВРЕДИ

ВМРО-ДПМНЕ објави детали од средбата со Коалицијата ВРЕДИ која попладнево се одржа во седиштето на Коалицијата на плоштадот Скендербег. 

Идната владина коалиција, доколку двата политички субјекти се договорат ќе се базира на три постулари.

-Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, по завршување на средбата кратка изјава даде и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ.

-Како што сте сведоци, денеска претставници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ беа во седиштето на ВРЕДИ за да остварат средба со претставници, односно со лидерите на ВРЕДИ. Преговорите одат во позитивна насока. Од понеделник ќе се формираат работни групи. Наскоро, во текот на денот ќе бидете информирани со соопштение, рече Башкиу.

На средбата присутни беа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски. Од страна не ВРЕДИ, пак, беа присутни лидерите на четирите партии кои ја сочинуваат Коалцијата,  Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

67 годишна жена нападнала 24 годишна девојка – таа престојувала кај неа под кирија

Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.

„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Европски фронт: Не си играјте со Албанците! Ова може да има последици на стабилноста…

Централното претседателство на ДУИ вчера вечер во Мала Речица разговарало за последните политички случувања по изборите на 8 мај. 

На средбата, како што објави ТВ 21, Коалицијата Европски фронт ги координирала следните активности кои ќе ги преземат во наредните денови. Извори за телевизијата рекле дека лидерите на Европскиот фронт денеска ќе се сретнат и ќе испратат сериозна порака и предупредување до ВМРО-ДПМНЕ „да не си играат со Албанците и да не ја омаловажуваат волјата на мнозинството Албанци, како втора по големина заедница во државата“.

Популарно