ЦУК: 13 пожари на отворено, три се уште се евидентираат како активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 13 евидентирани пожари на отворен простор, од кои утрово три се уште се водат како активни, додека не се добие потврда од терен дека се целосно изгаснати.  

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што започнал во текот на вчерашниот ден над село Ѓермо, Општина Тетово на Национален парк „Шар Планина“ е локализиран. Само на едно место  има малку чадење, а интервенираат на терен две лица од националниот парк за целосно да биде целосно изгаснат.

Со пожарот била зафатена букова шума, папрат и сува трева. Зафатената површина со пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени. Пожарот во Национален парк „Маврово“ поточно во село Жировница е ставен под контрола. Со пожарот била зафатена, според првите проценки, околу 17 хектари високопланинска трева, смреки и дел од букова шума.

-Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале пет лица од Национален парк „Маврово“, а заради непристапноста на теренот од страна на градночалникот на Општина Маврово-Ростуше беше побарано од ЦУК употреба на воздухоплови за гаснење на пожарот. Во гаснењето на пожарот интервенираше еден хеликоптер на МВР, што реализираше пет прелети и пожарот го стави под контрола. Екипата која е на терен до вечерните часови целосно го локализира пожарот, велат од ЦУК.

Денеска, пак, од раните утрински часови, пожарникарите од ТППЕ Гостивар со три пожарникари и едно ПП возило интервенираат на запалена депонија во село Чегране. Екипата е се уште таму и ќе дежура доколку се разгорат повторно делови од згаснатата депонија.

-Инаку, во последното деноноќие биле изгаснати 10 од вкупно 13-те пожари на отворен простор во општините: Битола, два пожара,  во населба „Буковски Ливади“ и село Велушина (горела ниска вегетација), Прилеп, кај село Беловодица (ниска вегетација), Ресен, кај село Долна Бела Црква (ниска вегетација), Охрид, покрај улицата. „Радојца Новичич“ (ниска вегетација и стрништа), во Струга, позади „НАБИЗИ“ (ниска вегетација), Македнска Каменица, село Дулица (дабова мешана шума со габер),  Тетово, помеѓу Тетово и Карпалак (ниска вегетација), Крива Паланка, кај село Луке на месноста „Јанковце“ (букова шума и сува трева) и во Општина Ресен, кај село Крани (горела ниска вегетација), се вели во денешното известување од ЦУК.

Во Центарот имало вкупно 2 160 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,56 %, а 44,44 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 63,56 %, кон Итната медицинска помош 28,81% а кон пожарникарите  7,63 % од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 960 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на именуваните како „неитни повици“.

-Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), велат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму апелираат и потсетуваат, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации, а и кога ќе се најдат неексплодирани убојни средства (гранати и слично) од минатите војни. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија  согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска од Тетово информира дека добро оди целата процедура за договорање на следната влада. Според него, се разговара за принципите на функционирање на следната влада, се усогласуваат програмите и слично.

Тој на настанот „Отворен ден“ во организација на средните училишта во Тетово изрази надеж дека преговорите како резултат ќе имаат влада која, како што рече, ќе биде компететна, со професионалци, која ќе биде со луѓе кои ќе работат за државата и за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.

-Ние сме свесни дека во една мултиетничка држава и општество како што е Македонија не можат сите министри да бидат Албанци и Македонци. Но што е важно било кој да биде во едно министерство треба да работи за сите граѓани без разлика на етничка и верска и друга припадност. Во оваа фаза имаме разбирање меѓу партнерите кои ја договараат следната Влада дека без разлика кој каде ќе седне на која фотеља, ќе треба да работи за сите граѓани. Ова е многу важно за нас затоа што во минатото иако имаше многу министерства кои беа предводено од Албанците,ниту тие министерства не работеа и доволно за Албанците и за другите и за Македонците и другите граѓани.Значи етничката припадност за нас не е најаважна за да ние го реализираме тоа што го имаме ветено, изјави Касами.

На прашањата дали е познато колку министерски места ќе се распределат меѓу партнерите, Касами потенцира дека кога ќе има краен договор ќе им го соопштат на јавноста.

-Тоа е дел од стратегијата за преговарање, ние може да бараме и пола Влада, може да ни се понуди и многу малку, но на крај ќе дојдеме до тоа што ќе биде најсоодветно за сите партнери во следната Влада. Што е најважно, во интерес на граѓаните, рече тој.

За изјавата на Али Ахмети дека прегласувањето во среда може да донесе меѓуетнички тензии, Касами со коментар оти тоа било во минатото.

-Секој си зборува со тоа што знае да го прави. Али Ахмети, така договарал во минатото и така постапувал во минатото. Али Ахмети знае како ги добил и овие мандати кои ги добил сега. Затоа е во паника. Ние едноставно кажуваме да им дадеме можност на граѓаните во среда да излезат и да гласаат. Ако тој е сигурен во тие гласови што ги добил, треба да биде мирен дека пак ќе ги добие. Ако знае дека ги добил на начин кој не е демократски, не е фер, не е слободна волја на граѓаните, затоа е во паника. Ние кажуваме дека треба да создадеме услови во среда и тие граѓани да излезат и да гласаат во слободна волја за да може да кажеме кој ќе биде нивен претставник во Собранието. Ние се надеваме дека ќе имаме добар резултат, изјави лидерот на Движењето Беса.

Касами соопшти дека нема да биде пратеник и ќе ја задржи градоначалничката функција. 

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно

На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Популарно