Лукаревска: МојДДВ го зголемуваме на 3.000 денари!

Граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина, порача заменик претседателката на СДСМ и носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица Сања Лукаревска на денешната промоција на Програма за европска иднина.

Лукаревска при презенитација на дел од мерките предвидени во победничката програма на СДСМ, најави дека износот на повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000 денари.

Оваа мерка, која ја воведовме пред речиси 5 години, е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните МојДДВ продолжува да се бори со сивата економија заедно со граѓаните.

Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари месечно, истакна Ликаревска, додавајќи дека во изминатите пет години, со оваа успешна мерка за заштита на домашната економија и на државниот буџет, кај граѓаните се вратени близу 150 милиони евра.

Лукаревска најави ослободување од царина за интернет нарачки до 180 евра по жител, како и уште една даночна придобивка - 0% данок на личен доход за минимална плата, како и воведување на дакон на луксуз.

Водилка во нашата даночна политика е социјал-демократската правичност. Ние сакаме да му помогнеме на бизнисот, а не да го оптеретуваме.Но, мора да има баланс ! Затоа, по сериозна анализа и широка дебата, воведуваме данок на луксуз и богатство за да постои солидарност и правичност, нагласи Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во рамките на обраќањето го најави проектот „Грижа за младите“ кој подразбира, по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години и станови за млади брачни парови до 29 години во чија откупна цена, дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата.

Свесни дека грижата за децата бара пошироко внимание и акција, воведуваме Европска детска гаранција како гаранција за системски одговор за справување со детската сиромаштија. Воведувањето на Европска детска гаранција си го поставивме како статешка цел. Оваа гаранција го скратува и го забрзува патот до благостостојба на најважните, на децата, рече Лукаревска.

Лукаревска најави намалување на административните обврски за наставниот кадар, целосно воведување на дуално образование како систем во кој практичното работење се комбинира со училишната настава како ефикасен начин за создавање на квалитетни кадри потребни на пазарот на труд и стоп за лажните дипломи, најавувајќи ревизија и евалуација на сите стекнати дипломи.

Презентирав само дел од обемната изборна програма на СДСМ. Убедена сум дека она што го предвидовме за наредниот мандат во комбинација со она што го сработевме во претходниот, во исклучително тешки околности, ќе биде избор на граѓаните на 8 мај, порача заменик претседателката на СДСМ и носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица Сања Лукаревска.

Четврток и петок неработни денови во Македонија

24 мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Но, еден ден претходно на 23 мај ќе одмараат сите оние кои се од влашка националност, поради Денот на Власите кој се паѓа во четврток.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

02 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Ова е 55 годишната Лела која беше убиена од својот партнер Никола

Лела С.(55) е убиена пред 5 дена во Нов Белград. Животот ѝ го одзел нејзиниот емотивен партнер Никола Л.(45) кој ја избодел со нож, а потоа си го пресекол грлото.

Многу пријатели на социјалните мрежи се простија од Лела со болни пораки.

„Лела не беше само драга пријателка, туку и нежна мајка за својот син Рашко. Лела засекогаш ќе живее во нашите срца и сеќавања како љубезна, нежна и мила личност.

Да потсетиме, во станот бил синот на жртвата Р.М.(23), кој, според неофицијалните информации на Телеграф, истрчал од станот за помош, но напаѓачот за тоа време го заклучил станот.

„Прво се скарале, а синот, гледајќи што се случува, истрчал од станот по помош, но Никола го заклучил станот, што значи дека бил решен во намерата да ја убие“, вели изворот на Телеграф.

Како што се претпоставува, вратата од станот била насилно отворена од синот кој наишол на грозоморна сцена.

Неговата мајка била избодена, додека нејзиниот емотивен партнер бил со пресечено грло. Жената давала знаци на живот, но набргу починала.

Како што дознавме, полиција повикала сосетка кој слушнала лелеци од станот. Истрагата за ова убиство и самоубиство ја води обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

РКЕ донесе одлука: Горивата поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.

Од 21.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар) 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,50 (денари/литар) 

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 42,629 (денари/килограм) 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 ден/кг и сега ќе изнесува 42,629 ден/кг.

Популарно