Секој кој го попречува гласањето ќе се казни со најмалку 3 години затвор!

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху денеска на вонредна прес конференција апелираше до избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач.

Како што вели, причината за нејзиното свикување се информациите кои ги добивале од терен дека дел избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и подзаконски акти на Комисијата.

Таа додава дека на секој гласач треба да му ја објаснат процедурата на гласање. Гласачот, нагласува, може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас. 

„Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, вели таа.

Таа појасни дека вчера ДИК одржала седница на која на јасен начин покажала кој е начинот на гласање и го презентирала упатството за начинот на гласање и за Парламентарни и за Претседателски избори.

Таа појасни дека откако гласачот ќе се изјасни дали ќе гласа за едни или други избори, или пак и за Претседателските и за Парламентарните избори, тој оди на идентификација со биометрискиот уред, па го зема гласачкото ливче и се потишува во избирачкиот список. Потоа го зема гласачкото ливче и нормано гласа сам зад параван.

-Ова се некои насоки што дел од упатствата што ДИК ги има усвоено. Исто така и на вчерашната седница им беше многу добро објаснето на сите избирчаки одбори. Затоа ги замолуваме сите избирачки одбори детално да ги почитуваат законот и сите наши подзаконски акти и да постапуваат врз основа на сите наши напатствија и наши подзаконски акти и согласно закконот“, истакна потпретседателката на ДИК. 

Шеху додава дека поради ова се однесува на неколку општини, но преку вонредната прес-конференција упатуваат апел до сите изборни органи во другите општини и избирачки места.

„Ова се однесува на неколку општини, неколку избирачки одбори, кај кои реагиравме ние одделно и по нашите реакции веќе гласањето тече нормално и немаме некои други проблеми“, истакна потпретседателката на ДИК Шеху.

Четврток и петок неработни денови во Македонија

24 мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Но, еден ден претходно на 23 мај ќе одмараат сите оние кои се од влашка националност, поради Денот на Власите кој се паѓа во четврток.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

02 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Ова е 55 годишната Лела која беше убиена од својот партнер Никола

Лела С.(55) е убиена пред 5 дена во Нов Белград. Животот ѝ го одзел нејзиниот емотивен партнер Никола Л.(45) кој ја избодел со нож, а потоа си го пресекол грлото.

Многу пријатели на социјалните мрежи се простија од Лела со болни пораки.

„Лела не беше само драга пријателка, туку и нежна мајка за својот син Рашко. Лела засекогаш ќе живее во нашите срца и сеќавања како љубезна, нежна и мила личност.

Да потсетиме, во станот бил синот на жртвата Р.М.(23), кој, според неофицијалните информации на Телеграф, истрчал од станот за помош, но напаѓачот за тоа време го заклучил станот.

„Прво се скарале, а синот, гледајќи што се случува, истрчал од станот по помош, но Никола го заклучил станот, што значи дека бил решен во намерата да ја убие“, вели изворот на Телеграф.

Како што се претпоставува, вратата од станот била насилно отворена од синот кој наишол на грозоморна сцена.

Неговата мајка била избодена, додека нејзиниот емотивен партнер бил со пресечено грло. Жената давала знаци на живот, но набргу починала.

Како што дознавме, полиција повикала сосетка кој слушнала лелеци од станот. Истрагата за ова убиство и самоубиство ја води обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

РКЕ донесе одлука: Горивата поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.

Од 21.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар) 

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 85,50 (денари/литар) 

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 42,629 (денари/килограм) 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,306 ден/кг и сега ќе изнесува 42,629 ден/кг.

Популарно