Ријана непрепознатлива – драстично го промени имиџот

Пејачката Ријана отсекогаш сакала да експериментира со својата коса. Освен што ги менуваше боите, таа во текот на кариерата ја менуваше и должината и стилот на косата. Имаше кратки, долги, кадрави, права, често плетени во африкански плетенки… Таа сега повторно го промени имиџот.

Неодамна ги пееше хитовите меѓу кои ќе ги споменеме „Diamonds“, „All of the Lights“, „Bi*ch Better Have My Money“ на церемонијата пред свадбата на синот на најбогатиот Индиец , за неверојатни 6,3 милиони долари. Анант е син на 10-от најбогат човек на светот, Мукеш Амбани, кој е и најбогат Индиец. Неговата венчавка е закажана за 12 јули, но прославата ја започнале веќе на почетокот на март.

Победникот на Евровизија се изјаснува како небинарна особа: Дознајте што е тоа

Швајцарија победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија. Него го претставуваше Немо кој ја изведе песната „The Code“. Тој се идентификува како небинарен.

„Луѓето почнуваат да разбираат се повеќе и повеќе, а тоа разбирање ми значи целиот свет. Самата можност да ја претставувам оваа заедница на Евровизија е неверојатна и многу ми е драго што не сум единствената оваа година. Уште подобро е затоа што изгледа како да е потребно“, изјави Немо и додаде:

Знаејќи дека им се допаѓа песната за пронаоѓање на себе и небинарноста и дека ги трогна… Навистина е прекрасно“, признал Немо.

Покрај швајцарското знаме, Немо покажа и знаме со жолти, бели, виолетови и црни хоризонтални ленти. Тоа е небинарното знаме на гордоста.

Небинарните луѓе го доживуваат својот пол и како машко и како женско, додека други го доживуваат својот пол ниту како маж, ниту како жена. Небинарното, исто така, може да се користи како кровен термин, опфаќајќи многу родови идентитети кои не се вклопуваат во бинарното машко-женско.

Небинарните луѓе бараат да им се обратат со оние, тие, нивен.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска ќе се чувствувате анксиозно на работното место. Ќе се обидете да го одложите состанокот, но ќе мора да се соочите со колегите кои очекуваат конкретни одговори од вас. На љубовно поле, денеска ќе сфатите дека имате прекрасен партнер покрај себе.

Бик

Упорно се трудите да ги импресионирате оние околу вас, но успехот не се постигнува на лесен и едноставен начин. Наместо интензивно да размислувате за нечии маани, подобро е посериозно да го анализирате вашето однесување. Важно е да имате силна мотивација и добра волја.

Близнаци

Денеска ќе доживеете неколку спорни моменти при комуникацијата со колегите, па нечии ветувања ќе подлежат на нагли промени. Ќе сакате да доживеете емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста со која се состанувате ѝ недостасува нешто од тоа.

Рак

На деловната сцена сѐ си има свој рок на траење, но вие упорно инсистирате на работи кои се одамна надминати. Вашата сакана личност се обидува да ве убеди дека сѐ е во најдобар ред, но вашата интуиција ви вели дека треба да бидете внимателни. На крајот од денот, вие ќе сфатите дека сте биле во право.

Лав

Упорно се обидувате да го наметнете своето влијание пред колегите, но има ситуации кои го надминуваат вашето професионално искуство. Ако добивате „лош сигнал“ од личноста која ви се допаѓа, важно е да се тргнете настрана и да чекате подобра прилика. Избегнувајте емоционални предизвици.

Девица

Девици, имате различни обврски, треба правилно да се организирате. Секаков вид на деловна превенција ќе се покаже како вредна помош. Партнерот ќе делува сомнително и тоа ќе се одрази на вашето лошо расположение. Обидете се да не судрите за ситници кои непотребно ве раздвојуваат.

Вага

Средбата со една личност ќе ви делува интригантно, поради што нема да успеете да го скриете вашето нерасположение. Партнерот не сака лесно да се откаже од плановите што ги има. Но, некој мора прво да попушти. Бидете мудри.

Скорпија

Новите настани ви ги нарушуваат плановите и концентрацијата. На крајот, мора да прифатите одреден компромис како вистинско решение. Понекогаш нештата во реалноста делуваат многу поинакви од оние кои некој ви ги прикажува во неговите „приказни“. Не бидете наивни.

Стрелец

Средбата со една личност ќе ви делува заморно, не посветувате доволно внимание на другите настани во кои активно учествуваат вашите соработници. Вие сте оптоварени со нови емотивни претчувства, но ова е одраз на вашата моментална состојба и недостаток на инспирација.

Јарец

Охрабрете ја вашата љубопитност, но не преминувајте преку „ѕидовите на вистината“. Ќе ве очекува поучно искуство во деловната соработка. При средбата со некоја блиска личност, покажете ги вашите искрени намери и разбудете некои „заспани“ желби и емоции.

Водолија

Водолии, ќе ве очекуваат одредени проблеми во комуникацијата со деловните партнери. Ќе имате дополнителни обврски, кои ќе ви ја одземат целата енергија. Обидете се да разберете нечија слабост. Нема потреба да се „казнува“ саканата личност.

Риби

Нема причина некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно и општествено влијание. Ќе изгледате прилично возбудено и тешко ќе ги контролирате вашите емоционални импулси. Често го губите трпението пред блиска личност. Размислете на таа тема.

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената

Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.

Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.

„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.

ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.

Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.

Клајн беше меѓу фаворитите за победа.

Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.

Популарно