Телото на малата Данка сѐ уште не е пронајдено

Девојчето Данка Илиќ (2) наводно било живо откако двајцата работници ја удриле со автомобил, според првите информации од истрагата.

Нејзиното тело се уште не е пронајдено, а полицијата е на депонијата на Стари Бањски пут каде девојчето било удрено со автомобил.

Се сомнева дека еден од осомничените излегол од автомобилот по несреќата и со голи раце го задавил детето, пишува „Информер“.

Обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта на Данка Илиќ

Телото на убиената Данка Илиќ се уште не е пронајдено, точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.

Припадници на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги уапсиле С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, се вели во соопштението на МВР.

Откако биле пронајдени траги од крв на автомобилот, работниците биле приведени.

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.

- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис, пренесе МИА. 

Видео: Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето

Полуматуранти од Основното училиште во Доња Горица, Црна Гора, наводно го запалиле училиштето за време на матурската прослава.

На страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“ објавено е видео од пожарот, каде што е наведено дека пожарот бил предизвикан од факел.

„Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Доња Горица“, се наведува.

Премиерот Фицо е во свесна состојба

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Популарно