Познати полуфиналните двојки на Ф4 турнирите во ракометната ЛШ

фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Денеска со жрепка се дознаа полуфиналните парови од Фајнал-фор турнирите во ракометната Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција.

Кај мажите кои во Келн, Германија, ќе се борат за титулата, на 8 јуни во првото полуфинале Магдебург ќе игра против Алборг, а во второто Барса за противник го има Кил.

Следниот ден ќе се игра и големото финале, а претходно и натпреварот за бронзениот медал.

Кај жените чиј Ф4 турнир ќе се игра во Будимпешта, Унгарија, на 1 јуни во првата полуфинална пресметка Есбјерг ќе се соочи против Ѓер, а подоцна составот на Мец за ривал го има Битигхајм.

Следниот ден е финалето за титулата, а претходно е закажан мечот за третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот