Џејдон Санчо не се враќа во Манчестер јунајтед?!

Џејдон Санчо/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо ќе се обиде со сите сили да избегне враќање во Манчестер јунајтед.

Од моментот на пристигнувањето на „Олд Трафорд“ во 2021 година до минатата зима, Џејдон Санчо беше само сенка на магионичарот кој блесна во дресот на Борусија Дортмунд. Сега кога се врати на „Вестфален“, Англичанецот се чини дека се враќа во потребната форма и повторно има слобода да демонстрира квалитет и да направи разлика на теренот.

По првиот дуел со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите пристигнаа многу пофалби, се огласи дури и менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг, кој го отстрани од првиот тим, велејќи дека вратата му е отворена за враќање, но прашање е дали тоа го сака Санчо.

Директорот на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел изјави дека клубот ќе направи сè за да го задржи Санчо:

– Ќе направиме сè што е во наша моќ за да го задржиме. Но, свесни сме дека Манчестер јунајтед гледа како игра и можеби ќе сака да го продаде и да оствари профит или да го врати во клубот – рече Кел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот