Надал: Ѓоковиќ е моја генерација, а освои три од четири грен слем турнири

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во првото коло на турнирот во Мадрид ќе игра против Американецот Дарвин Бленк.

Надал беше прашан што мисли за зголемувањето на квалитетот на натпреварувањето, особено за подемот на Јаник Синер и Карлос Алкараз. По тој повод потсети дека никој не смее да заборави дека Новак Ѓоковиќ имаше одлични резултати минатата сезона.

– Не знам што да кажам. Секако дека се одлични играчи, но во исто време, ако сето тоа го ставиме во друга перспектива, Новак Ѓоковиќ освои три од четири Грен слемови и играше во уште едно финале. Тој е некој од мојата генерација. Сепак, Синер и Алкараз прават неверојатни работи – вели Надал.

Тој додаде дека играчите од постарата генерација сè уште покажуваат високо натпреварувачко ниво во дуелите со младите шампиони.

– Играчите од мојата и слични генерации можеби имаат малку подобри бројки, но нивото е слично на она на кое бевме долго време. Имаат уште многу успеси. Тенисот, вистина, има нови возбудливи шампиони, но во исто време, работите не се толку многу променети – рече Надал.

Свесен е дека ќе има многу емоции по враќањето на теренот на кој играше долги години.

– Мислам дека луѓето се надеваат дека сè ќе се реши со мене и дека ќе продолжам. Секогаш бев позитивен. Смирен сум, не очекував преголеми работи. Сè е некако природно, мирно. Ќе излезам на теренот, ќе играм, ќе се трудам да се забавувам, на место каде отсекогаш сум имал големи изливи на љубов и поддршка, а ако сакаат да направат нешто, ќе направат. Не мора ништо да ми докажуваат, ми дадоа доволно поддршка во текот на кариерата – се зборовите на Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот