ФОТО+ВИДЕО | Позната пејачка во фустан од песок на Мет гала: Едвај се движеше, ѝ помагаа да оди по скалите

Тајла / Фото: Guerin Charles/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Јужноафриканската пејачка Тајла (22) во понеделникот дебитираше на Мет гала, а се обиде да остави впечаток појавувајќи се во фустан од песок.

Тајла се појави на тепихот на Мет гала 2024, облечена во фустан од „Балмaн“ покриен со песок со соодветна чанта како песочен часовник.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Додека официјалниот кодекс на облекување за вечерта беше тема наречена „Градината на времето“, наместо тоа, нејзиниот фустан беше инспириран од „песокот на времето“, како што објасни таа за време на преносот во живо на „Вог“.

Креативниот директор на „Балман“, Оливие Рустинг, повтори дека идејата за мода на облека од нешто минливо како песок ја разгорела неговата имагинација и дека тој е пресреќен со крајниот резултат.

Дизајнот без прерамки се базираше на ткаенина што ја следеше линијата на нејзиното тело и беше покриена со три различни бои на песок – плус детали со микрокристали за дополнителен сјај.


На црвениот тепих беше прашана дали ќе може да седне во оваа креација, таа одговори: „Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка!“.

Таа имала помош при движењето по скалите на музејот кога пет мажи биле забележани како носат дел од ткаенината на фустанот кој се влечел по подот и физички ја подигнувале по скалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот