Насловна / Вести / Две третини од потрошувачите на енергија, не сакаат да трошат време и пари на одржлив развој

Две третини од потрошувачите на енергија, не сакаат да трошат време и пари на одржлив развој

Одлуките и потезите на потрошувачите, ќе бидат клучен двигател за успехот на енергетската транзиција, велат во EY. Извештајот за ставовите на потрошувачите за енергетската транзиција (Energy transition consumer insights), покажува дека 65% од потрошувачите на енергија се заинтересирани за одржливоста и потенцијалот на чистата енергија. Од друга страна, иако заинтересираноста е голема, изостанува желбата за акција. Дури 70% од испитаниците велат дека нема да трошат повеќе време или пари со цел делување во насока на енергетска транзиција. Интересот на потрошувачите доаѓа во момент кога влегуваме во нова и потешка фаза на енергетската транзиција, велат од компанијата EY.

EY1

Додека напорите на страната на понудата се зајакнуваат, потребна е уште пофункционална промена во начинот на кој се пристапува и на кој се охрабрува одржливото однесување на потрошувачите. Намалувањето на јазот во интересите и акциите на потрошувачите, се лоцира во зедничката работа на оние кои обезбедуваат енергија, владите, како и сите оние кои го сочинуваат енергетскиот екосистем. EY во текот на три години анкетирал 100.000 потрошувачи на енергија во категоријата домаќинства на 21 пазар. Нивните сознанија покажуваат дека потрошувачите се понесигурни во својата енергетска иднина отколку пред една година. Многу од нив тврдат дека енергетскиот систем не задоволува три критериуми: достапност, расположивост и привлечност. Само 30% од потрошувачите се сигурни дека енергијата за нив ќе остане достапна, додека дури 72% од нив тврдат дека не можат да поднесат зголемување на сметките од 10%. Само 26% од потрошувачите добро ги разбираат термините како што се обновлива енергија и одржливост. Но, во текот на три години, овој процент останал непроменет. Дури 67% од испитаниците бараат персонализирани енергетски решенија, а 18% од потрошувачите би усвоиле нови енергетски производи и услуги доколку нивното купување односно инсталирање би било поедноставно.

EY2

Истражувањето на EY покажува дека потрошувачите се заинтересирани за бенефити од промените. Тоа создава прилика за снабдувачите со енергија да се трансформираат во советници од доверба ги прави промените полесни, побрзи, пошироки и подлабоки. Хослистичкиот пристап во енергетската транзиција е ориентиран на потрошувачите е начин на кој се забрзува напредокот кон поправеден, позелен и подобар енергетски систем, се заклучува во извештајот.

EY3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top