Бен Афлек првпат прозборе за Џеј Ло по разводот: „Не сакам да откривам детали бидејќи сум засрамен“
- Детали
- среда, 26 март 2025
Во ново интервју, Бен Афлек зборува за документарецот што го снимија со Џеј Ло и истакнува дека за разлика од неа, тој е многу приватна личност и се чувствувал ранливо и непријатно кога ја покажале нивната љубов пред целиот свет.
Во интервју за британското издание на магазинот GQ, Бен Афлек зборува за неговата кариера и идните планови во Холивуд, но го спомна и пропаднатиот брак со Џеј Ло, како и односот со првата сопруга Џенифер Гарнер.
Бен и Џеј Ло ја обновија врската речиси 20 години откако ја раскинаа свршувачката.
Не чекаа долго за да се венчаат, но бракот траеше едвај две години – Џеј Ло поднесе барање за развод во август 2024-та.
Бен избегнуваше да го коментира вториот брак, но во новото интервју зборува за документарецот на Џеј Ло во кој се појавува и тоj - The Greatest Love Story Never Told.
Актерот вели дека меѓу него и Џеј Ло немало „скандали, драми и интриги“ кои довеле до разводот.
Туку, двајцата имале различни сфаќања за тоа што е приватно, а што не.
Додека Џеј Ло сними и цел документарец за нивната љубов, Бен вели дека е приватна личност и дека се чувствува ранливо кога светот знае сè за него.
„Не сакам да споделувам детали за тоа (разделбата) бидејќи е засрамувачко. Се чувствувам ранливо“.
Актерот додава дека додека го снимале документарецот, се чувствувал многу непријатно пред камерите и сметал дека нивната приватност е нешто свето, а не нешто што треба да го види целиот свет.
„Најпрво си помислив ’Во ред, ако учествувам во ова (документарецот), сакам да се обидам да бидам искрен на забавен начин‘. Бидејќи, мислев дека идејата е интересна.
Јас сум повлечен и приватен за разлика од неа. Како што се случува во врските, не секогаш имате ист став кон овие работи“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





