Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело?

Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни покриви за момент ќе добиете чувство дека целата убавина која ja поседува ова место е нереална. Зошто вреди да го посетите италијанското гратче Алберобело?

gratche-vo-italija-so-kukjichki-kako-od-bajka-zoshto-da-go-posetite-alberobelo-01.jpg

Иако на прв поглед куќарките кои го прават специфично ова место изгледаат мали, сепак луѓето сè уште живеат во нив. Уникатните бели куќарки со сив покрив во вид на конус се наречени трули.

Тоа всушност се традиционални колиби кои биле изградени на крајот на 14 век по налог на грофовите од Конверсано, како привремени теренски засолништа и складишта или како постојани живеалишта од мали сопственици на земјиште или земјоделски работници.

Овие куќарки биле изградени од гипс, без малтер, и грубо обработени варовнички камења собрани од соседните полиња.

Алберобело уште го нарекуваат и главниот град на трулите, бидејќи тука има повеќе од 1.500 трули кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1996 година.

Алберобело е мал италијански град во кој ќе се заљубите на прв поглед а медитеранската клима, специфичните градби и гостопримливите жители, го прават ова место идеална дестинација за посетителите.

Тука може да се изгубите барајќи ја совршената фотографија.

Доколку некогаш се одлучите да го посетите ова магично место, не треба да го пропуштите единствениот двокатен труло во градот кој е опремен со оригинален мебел од почетокот на 20 век.

Посетете ги и сијамските трули кои, според легендата, ја симболизираат приказната за љубовта и омразата на двајца браќа.

Благодарение на гостопримливоста на жителите, во неколку трули можете да влезете и внатре, но само посетата на Museo del Territorio ќе ви помогне да добиете јасна слика за еволуцијата на архитектонската култура на Алберобело.

Не треба да ги заборавите ниту продавниците за сувенири и локалните занаетчиски работилници.

Потоа упатете се кон врвот на ридот каде е лоцирана труло црквата Свети Антониј, единствена во светот од овој вид.

https://www.instagram.com/p/CxQEAgQvpNF/?hl=en

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg