Вицови од Тања Аждаја (избор од 2023)

04.01.2024 01:58
Вицови од Тања Аждаја (избор од 2023)

И тогаш пијаницата ја раскажа својата потрезна приказна.


Кој ме фатил за збор, ми извадил муабет.


Абе не ми кажуј, на фацата му се глеа дека е пун предрасуди.


Ако сите сме дел од истиот тим, ќе бидеме НашТимани.


Среќата со пи-ари не се купува.


Биравте непостоечки кривец.

Ни снема држава на најинтересното.


Цените се како децата. Оставете ги на раат да си скокаат!


Сите слушнаа за намалените цени – попуст(о) беше.


На вашата сметка имате 0 денари. Но тоа не е сѐ!


Дното е трамбулина.

Работи ли бомбата?
- Така-така.


Пеколот се ложи на дела за оГрев.


Ако си на седмо небо, нема да ти е битно во кој круг си.


Некои работи треба да си останат збркани и тука нема компромикс.


Навечер Земјата заборавеше да се врти. Дури наутро ќе ѝ светнеше.

Стрип кадри: Little Lulu (1959)

ОкоБоли главаВицФото